Лига на шампиони
Пелистер загуби, но не се посрамоти во дуелот со ПСЖ

Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Пари Сен Жермен од 31:26 во средбата од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак достојно се претстави на ова тешко гостување на кое се обиде да се носи, парира на големиот фаворит, тим кој веќе доста години го брка трофејот во ова натпреварување.
Битолчани имаа минус три по 30 минути игра (15-12), па во вториот дел постојано се обидуваа да се заканат, да го направат дуелот далеку поинтересен, ама „светците“ секогаш имаа одговор кога беше најпотребно и со своето искуство, знаење и квалитет дојдоа до посакуваниот резултат.
Борзаш, Тајник и Пешевски дадоа по пет гола за Пелистер, додека Сипжак со седум ја предводеше листата на стрелци кај победникот.
Во наредната рунда Пелистер му гостува на Загреб.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата