Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер му се одмази на Феникс за поразот во Купот, домаќините без грешка на денешните натпревари

Објавено

на

foto: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на Пелистер обезбедија сигурна победа над Феникс 2010 во последната средба од денешната програма во Првата лига.

Домашниот тим убедливи десет минути во кои создаде двоцифрена предност (25-12) и воден од тоа го контролираше резултатот, играта во продолжението и оствари триумф од 93-74, триумф со кој му се одмазди на скопскиот состав за поразот во Купот на Македонија.

Со истиот ја потврдија втората стартна позиција пред почетокот на плеј-офот. Најефикасни беа Маслинко со 28 поени и 8 скока и Сапунџиев со 17 кошеви и 7 скока. Најсветла точка кај поразените беше Митревски со 23 кошеви.

И на сите останати средби славеа домаќините, ТФТ ја доби Струмица (92-82), Работнички славеше над Чаир (83-67) и Гостивар беше подобар од Еуро Никел (85-65).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни