Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер доби уште една битка со МЗТ Скопје

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Екипата на Пелистер ја доби и втората лигашка пресметка со МЗТ Скопје во оваа сезона, овојпат во „Јане Сандански“ каде избраниците на Дарко Радуловиќ се радуваа на триумф од 72:66.

Иако играше без американски засилувања, клубот од Битола се покажа во далеку подобро светло од домаќинот кој вечерва покажа слабости кои противникот ги искористи и му го нанесе вториот пораз во кампањата.

Гостите во првиот период се стекнаа со позитива од 24:14, па водени од таа енергија беа постојано чекор, два пред актуелниот првак. Комплетната почетна петорка на Пелистер беше двоцифрена, лидер беше Магдевски со 20 поени.

Расел пак за „штрковите“ беше автор на 16 кошеви.

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО:

Еуро Никел 2005 – Гостивар     97:85

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 66:72

Работнички – Чаир 2030            84:70

ТФТ Моцарт – Вардар     92:82

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни