Поврзете се со нас

Шпанија

Педри: Левандовски изгледа како да има 20 години, лудо е…

Објавено

на

Барселона успешно го реши првиот гостински предизвик во Примера за оваа сезона и оствари убедлив триумф над Реал Сосиедад од 4-1.

Каталонците беа ефикасни за разлика од првиот меч против Рајо Валјекано, а во фокусот беше летното засилување Роберт Левандовски. Полјакот даде два гола и со тоа ја отвори сметката во новата средина во која се очекува да испорача многу погодоци во оваа и наредните години.

-Иако има 34, изгледа како да има 20 години. Лудо е колку голови постигнува и пред се како работи за тимот, многу ни помага, -истакна Педри за Левандовски.

-Сите видоа дека Левандовски може да направи разлика. Тој е пример за тимот поради жртвите што ги направи. Тој е играч за сегашноста и иднината, -порача пак тренерот Чави Ернандес.

Роберт пак верува дека како што ќе минува времето Барса како екипа ќе биде многу подобра во иднина.

-Прашање е само на време додека не се разбереме подобро и мислам дека ќе стигнеме до таму. Ова е одличен тим со млади играчи и останати кои имаат поголемо искуство и се трудиме да даваме совети, -рече централниот напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни