Поврзете се со нас

Евролига

Партизан загуби од Монако, бесниот Обрадовиќ зграпчи свој играч за вилица (Видео)

Објавено

на

Партизан си ги комплицира работите за место во плејинот и плејофот во Евролигата со променливите изданија од коло во коло, па иако белградскиот тим уште е на десеттото место, има идентичен биланс како Басконија и Валенсија.

Српскиот великан денеска загуби на гостувањето кај Монако и пропушти шанса да го мине францускиот тим на табелата, а со победата која ја остварија домаќините избија дури на шестата позиција.

Неколку тима се навистина блиску и една добра серија може да го однесе Партизан и до плејофот, но избраниците на Обрадовиќ не изгледаат така уверливо како минатата сезона, особено кога се натпреварите на гостински терен.

Партизан постојано бркаше резултат и на крајот загуби со 85:70, а лошата игра можеше да се намириса уште на почетокот, кога Обрадовиќ го извади од игра Ален Смаилагиќ.

Искусниот Жељко беше разочаран од потезите на својот играч и му држеше лекции такашто го држеше за вилица, по што во продолжение да го лимитира само со пет минути на теренот.

Покрај мечот меѓу Монако и Партизан, на програмата во Евролигата беа уште три натпревари, на кои беа остварени следните резултати:

Жалгирис – Анадолу Ефес 96:70
Панатинаикос – Милано 79:62
Барселона – Виртус 84:57

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни