Поврзете се со нас

Свет

Оскар Табарез доби отказ од Уругвај по цели 15 години на кормилото на оваа репрезентација

Објавено

на

Искусниот 74 годишен стратег кој веќе е култна личност во Јужна Америка, Оскар Табарез доби отказ од селекторската позиција во репрезентацијата на Уругвај по цели 15 години поминати на чело на оваа селекција.

Ваквата информација ја потврдија од Фудбалскиот сојуз на Уругвај од каде му изразија благодарност на стратегот за неговиот ангажман сите овие години наназад.

Четирите порази по ред во квалификациите за Светското првенство му пресудија на Табарез кој на 74 години сега останува без тренерски ангажман.

– Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Уругвај информира дека е прекинат договорот со Оскар Табарез и целиот негов стручен штаб. Голема почит и признание за професионализмот и посветеноста во текот на овој долг процес на работа, -стои во дел од соопштението на уругвајската федерација.

Уругвај во моментов се наоѓа на 7. позиција во квалифиакциската табела и е надвор од зоната на репрезентации кои би обезбедиле учество на Светското првенство што ќе се одржи во Катар.

Табарез како селектор со Уругвај ја освои Копа Америка во 2011 година, а три пати со ред учествувал на Светските првенства.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни