Поврзете се со нас

Македонија

Охрид го доби „езерското дерби“, Даскаловски блескаше во победата на Голден Арт

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Ракометарите на Охрид славеа убедлив триумф над Струга (25-17) во „езерското дерби“ во Суперлигата.

Гостите покажаа многу повеќе на оваа средба, беа подобри во двете полувремиња и сосема заслужено победнички ја отворија новата сезона. Ојлески, Шешиќ и Цирар дадоа по седум гола за Охрид, додека Бошњак даде 6 погодоци за домаќините.

Екипата на Голден Арт пак се избори за славје на гостувањето кај новиот суперлигаш Мулти Есенс од 26-25. Лидер беше ветеранот Даскаловски кој имаше дури 20 одбрани.

На другите две средби, Тинекс Пролет немаше проблеми со Вардар Неготино (35-21), додека Аеродром го доби Куманово со 34-32.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни