Поврзете се со нас

НБА

Одраз од кој застанува здивот: Ален полета во воздух, обезбедувањето се фаќаше за глава (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/cavs

Џерет Ален пропушти два натпревари поради повредата која ја заработи кога прескокнуваше два реда публика на мечот со Голден Стејт, но сега го најави враќањето на теренот во голем стил.

Ѕвездата на Кливленд се врати во ростерот и неговиот тим го победи Шарлот со 132:122, но покрај добрата статистика која ја имаше на теренот, импресионираше и со потегот кој го изведе пред мечот.

Ален го заврши натперварот со 20 поени и 12 скокови, а токму оваа втората статистика е она по што е препознатлив во Америка, пред се поради извонредниот одраз.

Најдобар приказ за тоа што може да направи без топката во своите раце добивме пред стартот на мечот, кога Џерет ги фрлил во неверица и луѓето задолжени за обезбедување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни