Поврзете се со нас

Свет

Одличниот Димитријевиќ го предводеше Уникс до ново славје во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.unics.ru/

Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ ја потврди одличната форма и ја забележа петтата победа во низа во ВТБ лигата.

Актуелниот првак рутински се справи составот на Енисеј кој беше совладан со 107:84. Домаќините доминираа во првите три четвртини (91-60), па откако стана јасно дека победуваат дојде до мало опуштање и гостите скратија нешто од негативата во завршните десет минути.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ одново беше на највисоко ниво со 17 поени, 3 скока, 7 асистенции и 2 украдени топки. Покрај него одличен беше и Најт со 17 кошеви, 7 скока и исто толку асистенции.

Во наредното коло Уникс ќе го пречека Локомотив Кубањ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни