Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите со пораз од Украина го завршија настапот во Златната лига

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Украина во последната средба од групната фаза во Европската златна лига.

Нашиот национален тим загуби со 3-0 на средбата во Скопје, средба во која првиот сет ни беше најлош (18-25), додека во преостанатите два се носевме со апсолутниот фаворит кој сепак на крајот го имаше последниот збор и со 26-24 и 25-23 дојде до максимални шест од шест во групата Б без ниту еден загубен сет (18-0).

Најдобар македонски одбојкар беше Ѓоргиев со 15 поени.

Избраниците на Миленкоски го завршија настапот со две победи и четири порази, односно сега селекторот има појасна слика за потенцијалот, квалитетот на тимот кого го очекува настап на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни