Поврзете се со нас

Германија

Ново чудо на третолигашот: Сарбрикен ја елиминираше и Борусија Менхенгладбах во Купот на Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Третолигашот Сарбрикен е вистинска сензација во Купот на Германија во натпреварувачката 2023/2024, тим кој вечерва шокираше уште еден прволигаш и со тоа обезбеди полуфинале во ова натпреварување.

Сарбрикен во претходните рунди им пресуди на Карлсруе, Баерн Минхен, Ајнтрахт Франкфурт, листа на која вечерва е додаден составот на Борусија Менхенгладбах.

Фаворитот имаше одличен почеток и поведе со голот на Хак во 8 минута, но ова водство кратко траеше затоа што Наифи во 11 минута го матираше Николас.

Овој резултат беше активен се до 93 минута кога по една контра на домаќините Брункер шутираше прецизно и со тоа донесе огромна радост на сите негови соиграчи и навивачи.

Сарбрикен во полуфиналето ќе игра со Кајзерслаутерн што значи дека има големи шанси нивниот сон да продолжи, односно можат да се надеваат на финалето во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни