Поврзете се со нас

Англија

Нов удар од Манчестер Јунајтед врз Гринвуд: Фановите на клубот ќе имаат можност да ги вратат неговите дресови

Објавено

на

Мејсон Гринвуд изминативе денови е на жесток удар на јавноста во Англија која остана згрозена по објавите на социјалните мрежи дека ја малтретирал својата девојка.

Гринвуд беше обвинет за физички напад и сексуално насилство, а подоцна обвинението се зголеми и со обид за убиство, откако во јавноста протекоа фотографии од неговата крвава девојка која трпела тортура од фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Откако се појавија содржините на интернет, од Манчестер Јунајтед го суспендираа играчот и ги тргнаа сите негови работи кои се ставени на продажба преку официјалниот фан шоп на клубот.

Денеска пристигна информација дека клубот ќе им дозволи на оние навивачи кои имаат дресови од Гринвуд да дојдат во официјалната продавница каде во замена за истите ќе добијат нови дресови.

Како што стојат работите, голема е веројатноста фудбалерот кој важеше за еден од најголемите англиски таленти следните години да ги помине зад решетки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни