Поврзете се со нас

Светски првенства

Нојер максимално мотивиран пред натпреварите со Исланд и Македонија: Сакаме убав подарок за селекторот

Објавено

на

Мануел Нојер му правеше друштво на Јоаким Лев на денешната прес-конференција на Германија на која беше потврдено дека Тони Крос нема да игра на претстојните три квалификациски натпревари за Светското првенство, што во превод се последни натпревари од ваков карактер за актуелниот германски селектор кој се повлекува од оваа функција.

За Лев ова беше последен репрезентативен список пред конечниот кој ќе го има за Европското првенство, а Нојер како капитен на германската селекција нагласи дека тој и неговите соиграчи имаат огромен предизвик да го дадат најдоброто од себе на последните натпревари на Јоги како предводник на германскиот состав.

По цели 15 години, Лев ќе отстапи од селекторската позиција по крајот на Европското првенство, а натпреварот против Македонија на 31-ви март ќе биде последен за него на домашен терен како предводник на „панцирите“.

– Сите ние сме предизвикани и знаеме дека треба да направиме исчекор на овие три натпревари, а потоа и на Европското првенство. Со нетрпение ги чекаме овие три меча од квалификациите, а потоа и натпреварите на Европското првенство. Имаме голема задача, мора да му овозможиме достојно заминување на Лев.

– Селекторот е во право, се што правиме се гледа под лупа. Имаме многу работа пред нас, сакаме овие квалификациски меча да ги одработиме на најдобар можен начин. Сакаме овој период да го крунисаме со успех и со уште едно финале за Лев. Сакаме тоа да биде наш подарок за него, ќе видиме дали ќе успееме. Сакаме оваа ера на Лев да ја завршиме како што доликува, – изјави Нојер пред натпреварите со Исланд, Романија и Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни