Поврзете се со нас

Шпанија

Ниту „крокодил тактика“ не помага против Аргентинецот: Меси со мајсторија до јубилеј, стоперот на Атлетик заврши во дирекот (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси е вистински „крал“ на слободните удари во Шпанија и тоа го докажа и оваа вечер, откако влезе максимално мотивирано во дуелот против Атлетик Билбао.

Аргентинецот заработи исклучување за првпат во кариерата како член на Барселона на последниот натпревар против Атлетик во Купот, па во првото полувреме имаше брилијантни потези, кои беа наградени и со фантастичен гол од слободен удар.

Пет играчи на Билбао беа во живиот-ѕид, Муниаин се обиде со „крокодил тактика“, но не помогна ниту пожртвуваната реакција на Јерај Алварез кој се заби во дирекот, немоќен да спречи мајсторски гол на Меси.

За Лео ова беше јубилеен 650-ти гол во кариерата како играч на Барселона, од кои дури 49 се од слободен удар. Благодарение на неговиот погодок, Барса на полувреме отиде со предност од 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни