Поврзете се со нас

Репрезентација

Николов: Ќе се обидиме да им вратиме на Шпанците за поразот во полуфиналето на ЕП

Објавено

на

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација се соочува со Шпанија на отварањето на квалификацискиот циклус за Светското првенство кое е на програмата во 2023 година.

Првиот предизвик за избраниците на Бајиќ е навистина голем, битка против актуелниот светски првак кој на хартија е апсолутен фаворит на дуелот кој утре од 19:30 часот се игра во СЦ „Јане Сандански“. Нашите репрезентативци го почитуваа ривалот, но во исто време најавуваат максимална борба, залагање во обидот да се шокира „црвената фурија“ во Скопје.

-Не чувствуваме никаков притисок, тоа е најважно за нас. Играме против Шпанија. Ќе дадеме сè од себе да дојдеме до позитивен резултат за нас. Следниот меч ни е со Украина, потоа и Грузија. Таму ги гледаме шансите и се надевам дека ќе бележиме позитивни резултати. Репрезентацијата е предизвик за секој од нас, а враќањето на Дамјан Стојановски е голем плус.

-Ние сите што сме овде ќе се бориме да имаме добри резултати и да носиме успеси. Се надевам дека ќе дојде и публиката да ни даде поддршка. А ние, ако ни се укаже било каква шанса, ќе се обидеме да им вратиме за оној пораз во полуфиналето од Европското првенство од пред десет години, -вели плејмејкерот Кристијан Николов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни