Поврзете се со нас

Светски првенства

Николов: Имам многу пријатели во Романија, но утре ќе ми бидат вистински противници

Објавено

на

Пред да се врати во родната Македонија и да биде дел од историскиот успех на Вардар со пласманот во Лигата на Европа, Бобан Николов своите фудаблски почетоци како професионалец ги имаше во Романија, земја која е многу добро позната за новиот фудбалер на Лече, кој утре треба да биде стартер на теренот во тимот на Игор Ангеловски.

Играчот за врска му правеше друштво на македонскиот селектор на денешната прес-конференција, на која како човек кој добро ги познава романските фудбалери, нагласи дека позитивен епилог за нашата селекција ќе биде освојување на бод во Букурешт.

Токму овој град ќе биде наш домаќин на Европското првенство кое го играме претстојното лето, па исто како и Ангеловски, и Николов нагласи дека ќе биде добро за него и играчите да го искусат овој терен.

– Се радувам на можноста да се видам и да настапувам против моите поранешни соиграчи кои ги знам долго време, јас дојдов во Романија на 12-13 години. Но, и покрај тоа што сме одлични пријатели, утре на терен ќе бидеме вистински противници и нека победи подобриот. Може да кажам дека сум среќен што Букурешт ќе биде и наш домаќин на Европското првенство, имам многу пријатели тука кои знам дека ќе бидат наша вистинска поддршка.

– Бод од утрешниот дуел не би бил лош резултат. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели и секако дека одиме на позитивен старт на новиот квалификациски циклус,- изјави Бобан Николов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни