Поврзете се со нас

Англија

Невил со коментар за играта на Мудрјук по дебито во Челси: Го видов како игра десет минути и…

Објавено

на

Стручниот аналитичар на фудбалските случувања на Островот, Гери Невил даде свое видување за новиот фудбалер на Челси, Микајло Мудрјук кој денеска го имаше своето деби за клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Украинецот беше резерва на натпреварот против Ливепрул, но доби шанса за деби на големото дерби и според многумина прикажал доволно за да ја оправда довербата од Грем Потер.

Тој став го дели и Гери Невил кој истакна дека по само десет минути игра на Мудрјук, заклучил дека тоа е играч против кој не би сакал да игра.

– Го видов Мудрјук само десет минути и тоа е играч против кој не би сакал да играм, -напиша Невил на социјалните мрежи.

Челси го одврза кесето за сега веќе поранешниот офанзивец на Шахтјор за кого потроши над 80 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни