Поврзете се со нас

Светски првенства

Невил го испофали тактичкиот потег на Скалони и уништи една француска ѕвезда: Беше патетичен!

Објавено

на

Гери Невил го коментираше големото финале на Светското првенство од студиото на „Ај-Ти-Ви“, но иако на крајот од мечот заклучи дека ова бил најдобриот натпревар кој го гледал во животот, претходно имаше и посебно брутален коментар за еден француски репрезентативец.

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед остана шокиран од поставеноста на Усман Дембеле кој беше изваден од игра уште во првото полувреме, потег кој максимално го одобри со оглед на изданието кое го имаше.

Гери ја оцени партијата на ѕвездата на Барса како „патетична“, заклучувајќи дека немал ниту еден добар на теренот се до моментот кога беше изваден од Дешамп.

– Дембеле беше патетичен. Да бидам искрен, импресиониран сум од одлуката на Скалони. Го постави Ди Марија на таа лева страна, генијален потег.

– Кунде немаше шанси со него, но играта на Дембеле….. Не можам да поверувам што направи, каков потег за пеналот. Треба да се засрами, Ди Марија го прави тој потег десет години наназад. Станува збор за мек контакт, но заслужи да биде казнет со пенал поради глупавиот потег, – порача Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни