Поврзете се со нас

АТП

„Нетфликс“ договори тениски спектакл: Надал и Алкарас ќе имаат уникатна пресметка во 2024. година (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Стриминг сервисот „Нетфликс“ се етаблираше низ годините како извонредно место за промовирање на документарци, ТВ шоуа, филмови и разноразни работи, но сега за првпат во историјата договори и тениски спектакл.

Познатата американска компанија ексклузивно излезе со информации за тенискиот двобој кој ќе го имаат најдобрите шпански тенисери, легендарниот Рафаел Надал и големата надеж од Мурсија, Карлос Алкарас.

Двајцата ќе ги одмерат силите на егизбициски меч и Рафа и Карлос за првпат ќе одиграат меч во Лас Вегас, а истиот ќе се одржи непосредно пред Мастерс турнирот во Индијан Велс во 2024-та година.

Денот на одигрување ќе биде 3-ти март и дополнително ќе бидат пренесени информации за терминот кога ќе се врши стриминг, но во меѓувреме двајцата тенисери се јавија со пораки за поддршка на настанот.

– Многу сум возбуден поради мојата прва посета на Лас Вегас, еден од најсимоболичните и најзабавните градови во светот. Исто така и поради играњето со Алкарас. Сигурен сум дека ќе биде фантастична тениска ноќ, – порача Надал.

– Се чувствувам многу среќен што ќе го делам теренот со Рафа во Лас Вегас. Тој е еден од најдобрите играчи на сите времиња, а неговите рекорди и достигнувања зборуваат сами за себе. Рафа е еден од најдобрите на турнејата и со нетрпение го очекувам нашиот меч на 3-ти март, – порача Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни