Поврзете се со нас

Лига на нации

Нестварниот Нојер режираше чудесна одбрана и ги шокираше фановите (Видео)

Објавено

на

Германија и Италија одиграа натпревар без калкулации и понудија вистинска голеада во Менхегладбах, меч кој беше зачинет со седум погоди и доста шанси.

Домашниот тим му одржа лекција на европскиот шампион и победи со 5:2 откако водеше со 5:0, но пред да дојде до тоа, видовме и една вонсериска интервенција која стана вирален хит.

Мануел Нојер неодамна стави потпис на нов договор со Баерн Минхен и ја продолжи верноста со баварците, а зошто и на 36 години е незаменлив и на голот на Германија покажа против Италијанците.

При резултат 3:0, Николо Барела се најде во стопроцентна шанса да ја смести топката во голот, но кога сите ја видоа во мрежата, Нојер реагираше фантастично и на чудесен начин спречи погодок.

Искусниот чувар на мрежата не се откажа иако делуваше дека е во загубена позиција, па со помош на дирекот режираше страшна одбрана која ќе влезе во историјата на Лигата на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни