Поврзете се со нас

Шпанија

Неочекуваниот херој на Реал: Си испративме јасна порака на пет минути пред крајот на дербито

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти ги измеша картите во стартниот тим по големиот напор кој го вложија неговите играчи против Манчестер Сити, па така место во стартната постава доби и Лукас Васкез на место на Дани Карвахал.

Иако на прв поглед се чинеше дека ова е една обична измена во почетните 11, на крајот испадна дека Лукас е херојот од сенка на најновото „Ел Класико“, бидејќи дефанзивецот се избори за пенал, постигна гол за 2:2 и асистираше за победничкиот гол на Белингам.

– Ова беше спектакуларно, реакцијата на навивачите беше извонредна на крајот од мечот. Повторно доживевавме незаборавна ноќ, ова е нешто што го заслужуваме. Напрвивме огромен исчекор кон титулата во Ла Лига, сега преостанува само да го завериме трофејот.

– И покрај тоа што бевме изморени од мечот во Манчестер, повторно покажавме карарктер. Повторно одигравме голем меч, оставивме се на теренот и на крајот добивме награда. Титулата сега е многу блиску до нас.

– На пет минути пред крајот на регуларниот дел, имаше прекин за Барса и сите играчи бевме блиску еден до друг. Се погледнавме и рековме дека ќе одиме по уште еден гол, одиме на победа. Тоа е ДНК-та на овој клуб, тоа е желбата која ја презентира Реал Мадрид. Секогаш одиме на победа, се бориме до крај и никогаш не се прогласуваме за поразени, – изјави Лукас.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни