Поврзете се со нас

Германија

Некогашен играч на Баерн Минхен „удри“ по Левандовски: Не можам веќе да го слушам, постојаното лелекање е здодевно

Објавено

на

Како што стојат работите, очигледно е дека најдобриот фудбалер на Баерн Минхен и еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Роберт Левандовски влегол во период на неизвесност во кој веќе јавно почна да го искажува своето незадоволство.

Полјакот се уште не добил понуда за продолжување на соработката со клубот иако договорот му стекува во 2023 година и тоа го натерало него и неговиот агент да ја притискаат управата на клубот да добие нов договор.

Ваквите шпекулации ги критикуваше некогашниот играч на „баварците“, Маркус Бабел кој истакна дека му е преку глава од тоа да чита како Левандовски не бил задоволен од актуелната ситуација.

– Веќе не можам да слушам дека Левандовски не се чувствува ценет. Никој од играчите на Баерн во последните 20 години не бил толку ценет како Левандовски. Томас Милер, кој исто така многу направи за клубот не го прави овој циркус.

– Ова лелекање веќе почна да станува досадно. Левандовски зарабоува 25 милиони евра годишни и секогаш сака повеќе. Никој не заработува повеќе од него. Последните неколку години се случуваше Левандовски да посака да си оди затоа што не се идентификувал со клубот. Сепак, клубот секогаш беше на негова страна и му излегуваше во пресрет.

– Во Баерн ја освои Лигата на шампионите и стана фудбалер од светска класа. Треба да покаже малку повеќе благодарност, а не само да бара повеќе и повеќе и да поставува нови барања, – заклучи Бабел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни