Поврзете се со нас

ВТА

Не можеше без провокација: Рибакина доби прашање за Русија и Путин по освоениот трофеј на Вимблдон (Видео)

Објавено

на

Организаторите на Вимблдон им забранија учество на белоруски и руски претставници, но колку и да звучи иронично, судбината посака новата „кралица“ во Лондон да биде девојка која е родена во Москва.

Елена Рибакина ја претставуваше Русија до 2018-та година, но поради недостиг на поддршка од оваа земја веќе подолго време го претставува Казахстан, па бранејќи ги боите на ова знаме денеска стигна до најголемиот успех во каирерата.

Младата 23-годишна тенисерка ја победи Жабер со пресврт и стигна до прва грен слем титула во кариерата, па иако зборуваше со многу емоции на прес-конференцијата кога се потсети на поддршката од своите родители, новата шампионка не можеше да избегне и провокативно прашање.

Еден од новинарите ја запраша Рибакина какво мислење има за војната во Украина и акциите кои ги презема Путин во оваа земја, по што Рибакина реши да одговори дипломатски и да не навлегува во политички теми.

– Мојот англиски не е доволно добар и не го разбирам вториот дел од прашањето. Можам да кажам дека јас веќе долго време го претставувам Казахстан. Едноставно не можам да бирам каде ќе бидам родена, но овие луѓе од Казахстан веруваа во мене и постојано ме поддржуваа, дури и денеска гледав знамиња на трибините, – изјави Рибакина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни