Поврзете се со нас

Шпанија

Навивач се бори за живот, мечот меѓу Кадиз и Барселона е прекинат (ВИДЕО)

Објавено

на

Мечот меѓу Кадиз и Барселона е во прекин, а причината за тоа е непријатна ситуација на трибините каде еден навивач се бори за живот.

Каталонците водеа 2-0 и се очекуваше рутински да го приведат натпреварот, но еден од фановите на трибините се соочи со проблеми и мораше да интервенираат лекарските екипи. Повеќе од 20 минути играчите беа на теренот и со загрижени лица гледаа што се случува по што судијата Дел Серо Гранде ги испрати во соблекувалните.

Неофицијално има и уште една интервенција на медицинските лица, па останува да се види кога мечот ќе го доживее својот крај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни