Поврзете се со нас

Германија

Навивач на Бохум го погоди судијата во глава, првиот меч од Бундеслигата не го дочека својот крај (Видео)

Објавено

на

Првиот меч од 27-то коло во Бундеслигата не го дочека својот крај, а причина за тоа е еден идиот од трибините кој направи непотребен инцидент во 70-та минута.

Бохум губеше со 0:2 на домашен терен од Борусија Менхенглдбах, но како што стојат работите, најверојатно овој натпревар ќе го загуби со службен резултат 0:3.

Причина за тоа е лошото обезбедување и идиотскиот потег на фан од трибините, кој успеа да го погоди линискиот судија со чаша пиво.

Кристијан Гителман доби удар во главата и брзо стави до знаење дека не станува збор за посериозна повреда, но поради прикажаната агресија, главниот судија Кортус го прекина мечот и ги испрати играчите во соблекувалните.

Играчите на Бохум се противеа на постапките од трибините и им забележаа на своите фанови за непромислениот потег, а со јавно извинување брзо се јави и клубот.

– Мечот нема да се доигра. Може само официјално да му се извиниме на линискиот судија Кристијан Гителман. Засрамувачка и горчлива вечер за нас. Екстремно глупа акција од идиотски фан,  – гласи објавата на Бохум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни