Поврзете се со нас

Шпанија

„Натрапникот“ чија цел беше Меси откри како успеал да го надитри обезбедувањето на стадионот

Објавено

на

Младото момче кое синоќа влета на „Сан Моиш“ на Палма де Мајорка ги шокираше сите присутни фудбалери на теренот, па дури и одговорните лица за обезбедување кои реагираа со мало задоцнување.

Во период кога се играат натпревари без публика во Шпанија, ни пристина една навистина нереална сцена од елитната лига на Пиринеите, а со оглед на тоа што младото момче на себе носеше дрес од Аргентина, повеќе од јасно е дека негова цел беше Лионел Меси.

„Натрапникот“ успеа да го прекине натпреварот на крајот на вториот дел, но потоа си доби и планетарна популарност откако беше интервјуиран од шпанските медиуми.

– Јас сум Французин по националност, но сакам многу земји. Живеам на Мајорка отсекогаш. Побарав слика од Меси, но не можев да стигнам до него. Не сакам да навлегувам во детали и не сакам да го откријам моето име. Сигурен сум дека ќе ми пристигне пријава, полицијата ме идентификуваше и побара име од мојот татко. Ќе добијам казна, сигурен сум во тоа, – изјави „натрапникот“ кој откри и како влегол на стадионот.

– Направив една фотографија од теренот, но полицијата ми ја избриша. Меси е мојот идол, пресконав ѕид од два метри за да стигнам на теренот. Се прекачив со мала скала и веќе бев на теренот. Пристигнав пред стадионот во 40-та минута. Покажав мадиња, но на крајот не добив ништо. Го планирав ова за време на паузата, сакав слика со Меси зошто тој е мојот идол. Го видов одблиску Жорди Алба, но не можев да стигнам до Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни