Поврзете се со нас

Италија

Наполи имал вакви неверојатни резултати само еднаш во неговата историја (ФОТО)

Објавено

на

Наполи продолжи да победува, а најнова жртва беше составот на Рома кој беше совлада на „Олимпико“ во Рим со погодокот на Виктор Осимен.

Со овој резултат наполитанците остануваат цврсто на врвот во Серија А, но во исто време овој 11. триумф во низа донесе историја или враќање назад во истата. Имено италијанскиот великан имал ваков учинок во досегашното постоење и тоа во 1986 година кога во периодот од април до септември имаше 11 победи по ред под водство на Отавио Бјанки.

Интересно е тоа што во сезоната 1986/1987 година Наполи ја освои двојната круна во Италија, па останува да видиме дали Елмас и компанија можат да направат ваков огромен успех и да го запалат Неапол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни