Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Најголемата надеж на Барса по новата лекција од Баерн: Не заслужуваме да играме во ЛШ

Објавено

на

Баерн Минхен се претвори во „црна мачка“ за Барселона и не престанува да го победува каталонскиот гигант на натпреварите во Европа, па така беше и минатава вечер на „Камп Ноу“.

Во натпревар во кој немаше никакво резултатско значење и во кој тешко се пронаоѓаше мотив по победата на Интер над Плзен со 4:0, Баерн беше тој кој беше многу порелаксиран и кој беше далеку поопасен на теренот, а победата од 0:3 само потврдува дека актуелниот тим на Чави се уште е недораснат за натпреварување како Лигата на шампионите.

Неискуството одново се покажа на виделина и Баерн изгледаше како далеку поконкретен и посигурен тим, дури и во ситуација кога немаше никаков императив да брка триумф.

Баварците стигнаа до шестата победа во низа во дуелите со Барселона и на истите имаат нестварна гол разлика од 22:4, што дефинитивно прави Баерн да важи за најнепосакуван противник за каталонската гордост. Еден од најразочараните по поразот и елиминацијата беше најголемата надеж на Барса, Педри Гонзалес.

– Тешко е да се излезе на теренот кога знаете дека веќе сте елиминирани. Без разлика што ќе направевме, знаевме дека немаме никакви шанси. Сакавме да им донесеме некаква радост на навивачите и сакавме да играме за чест, но не успеавме.

– За мене овие резултати во Лигата на шампионите се голем неуспех. Не заслужуваме да играме во Лигата на шампионите, тоа го покажаа овие пет досегашни натревари на кои игравме. Добро во овој момент што остануваме живи во многу други натпреварувања, па ќе имаме шанса да се поправиме и да покажеме друго лице. Мора да им донесеме некаква радост на фановите до крајот на сезоната, – изјави Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни