Поврзете се со нас

Шпанија

Најголемата дилема на Чави се покажа како добитна комбинација за „Ел Класико“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Погодокот на Франк Кеси предизвика екстаза на „Камп Ноу“ и донесе огромна радост меѓу навивачите на Барселона, бидејќи тимот на Чави Ернандес најверојатно направи пресудна разлика за да ја освои титулата во Ла Лига.

Барса отиде на „плус 12“ во однос на Реал Мадрид по третиот последователтен „Ел Класико“ триумф, кој домашниот тим успеа да го оствари и без еден од своите најдобри играчи.

Чави не можеше да смета на Педри за големото дерби кое многумина го посочија како клучно за трофејот, па поради тоа, тренерот на Барса имаше само една голема дилема при составување на стартната постава.

Најголемата дилема на крајот се покажа како добитна комбинација за Чави, бидејќи двајцата играчи меѓу кои бираше беа тие кои постигнаа два гола на „Камп Ноу“.

Ернандес му даде предност на Серхи Роберто во стартната постава и тој го постигна голот за 1:1, а потоа Кеси влезе од клупа и постигна гол за победа во 92-та минута.

– Имав дилеми до последен момент, се мислев дали да го ставам во почетните 11 Серхи или Кеси. На крајот, работата излезе подобро од што можев да замислам, двајцата постигнаа гол и тие беа нашите херои, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни