Поврзете се со нас

АТП

Надал објави видео од тренинг и пренесе уште една разочарувачка вест

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Рафаел Надал со големи сатисфакција се врати на терените на почетокот на новата година, но неговиот последен настап датира од 5-ти јануари и засега не се знае кога ќе биде следниот.

Шпанскиот тенисер го прескокна турнирот во Доха и првично беше пријавен за настап на Индијан Велс, а откако стсана јасно дека нема да настапи во Америка, сите веруваа дека се подготвува најдобро за сезоната на земјена подлога.

Турнрирот во Монте Карло е еден од најомилените на Рафа и истиот е следен на програмата, но за жал „кралот на земјата“ нема да го гледаме и во кнежевството.

Рафа денеска со големо разочарување уште еднаш посочи дека неговото тело не е подготвено за изложување на екстремен напор, па поради тоа ќе го пропушти и првиот Мастерс турнир од серијата 1000 на земја.

– Здраво на сите! Ова се тешки моменти за мене зборувајќи од спортски аспект. За жал, ве известувам дека нема да играм во Монте Карло. Едноставно моето тело не ми дозволува. И покрај тоа што продолжувам да работам и што вложувам максимален напор секој ден да играм на турнирите кои се многу важни за мене, реалноста е дека во овој момент се уште не можам да играм. Не може да замислите колку ми е тешко што не можам да заиграм на овие турнири уште еднаш.

– Не ми останува ништо друго, освен да ја прифатам ситуацијата и да ја задржам страста, со јасна цел да си овозможам шанса работите да се поправат. Ве прегрнувам сите и ви благодарам за љубовта и поддршката која ми ја давате, – вели Надал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни