Поврзете се со нас

АТП

Надал: Има големи шанси да ми биде последна година во кариерата, може ќе играм само…

Објавено

на

foto:bleacherreport.com

Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал ќе има кам-бек на терените на почетокот на наредната година и тоа на АТП турнирот во Бризбејн.

Рафа мина низ тежок период, долг процес на закрепнување, па и тој самиот не знае што може да се очекува кога се во прашање резултатите, формата.

-Секако дека често мислев дека нема смисла повторно да се натпреварувам. Се борев и постојано ја чував илузијата. Ги имав вистинските луѓе околу мене како и секогаш во текот на мојата кариера… Луѓето кои сакаат да ме гледаат како играм имаа влијание, -истакна големиот грен слем шампион кој уште еднаш посочи дека 2024 година најверојанто ќе биде последна во неговата кариера.

-Има добри шанси тоа да биде мојата последна година, без никаков сомнеж. Има шанси тоа да биде само половина година, може да биде комплетна година, можеби и нема да можеме да стигнеме до таму, тоа се работи за кои во моментов немам капацитет за да одговорам, -порача Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни