АТП
Надал го закачи Ѓоковиќ и го запали тенискиот свет: Toa ќе беше поголема фрустрација за него…

Рафаел Надал веќе подолго време не е активен на тениските терени, а тоа на најдобар можен начин беше искористено од неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ кој успеа да го мине на вечната листа на освоени грен слемови, поточно со последниот триумф на Ју-Ес Опен веќе има две титули повеќе (24/22) на најзначајните турнири.
Шпанецот се уште планира да биде активен ако тоа телото му го дозволи во 2024 година, а во меѓувреме тој имаше што да каже на темата освоени грем слемови и таа титула „GOAT“ за која најмногу сакаат да говорат фановите, но и некои поранешни имиња.
Бикот од Мајорка имаше интервју за „Мовистар“ во кое истакна дека е задоволен од тоа што има постигнато, односно опуштен и немам никаква фрустрација по однос на тоа прашање со тоа што смета дека кај Ѓоковиќ е сосема поинаква приказна.
-Не сум фрустриран од едноставна причина, затоа што верувам дека направив се што можев во рамките на моите можности, -истакна Надал по што новинарот даде свое мислење дека со 22 грен слем титули едноставно не можеш да бидеш фрустриран.
-Може. Земете го Новак за пример. Тој ја живееше таа грен слем приказна поинтензивно од мене. За него ќе биде поголема фрсутрација тоа да не го оствари. Токму и поради тоа дојде до тој рекорд, -порача Рафа.
𝗟𝗼𝘀 𝗚𝗿𝗮𝗻𝗱 𝗦𝗹𝗮𝗺.
“Creo que Djokovic lo vive de una manera más intensa. Para él, hubiera sido una frustración más grande no conseguirlo”.
📺 #NADALenMovistarPlus, con @juanmacastano, a las 21:45 en 𝐌𝐨𝐯𝐢𝐬𝐭𝐚𝐫 𝐏𝐥𝐮𝐬+ (dial 𝟳). pic.twitter.com/KpnRJC9ELM
— Tenis en Movistar Plus+ (@MovistarTenis) September 18, 2023
-
Светпред 16 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 19 часа
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 18 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 18 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 16 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти откри зошто му се налутил на Винисиус
-
Македонијапред 23 часа
Васоски потврди дека големото летно засилување на Вардар ја завршило кариерата поради депресија
-
Англијапред 15 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…