Поврзете се со нас

Свет

Мурињо не е опција, две имиња се издвојуваат како фаворити за селекторското столче во Бразил

Објавено

на

Репрезентацијата на Бразил во следниот период ќе добие нов предводник откако по крајот на Светското првенство во Катар, Тите доби отказ поради неисполнувањето на зацртаните цели.

Во изминатиов период многу тренерски имиња се спомнаа во јавноста како можни наследници на Тите, а едно од нив беше и името на Жозе Мурињо, актуелниот тренер на Рома.

Сепак, како што стојат работите, Мурињо веројатно нема да биде прва опција на бразилската фудбалска федерација.

Според „Тутоспор“ во моментов најблиску до клупата на Бразил се Марсело Бјлеса и Маурисио Покетино, тренери кои во моментов се без ангажман.

Според медиумот, популарниот „лудак“ Бјелса, во моментов има поголеми шанси да го преземе кормилото на Бразил, но воопшто нема да изненади доколку за тоа доверба добие некогашниот тренер на Тотенхем и ПСЖ, Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни