Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ испрати кратка порака по „Ел Класико“ победата и ги разгневи фановите на Барса (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ беше стартер на „Ел Класико“ и го одигра цел меч против лутиот ривал Барселона, а веднаш по крајот на натпреварот, Хрватот имаше објава со која предизвика многу негативни реакции меѓу фановите на катаонскиот великан.

Реал Мадрид двапати правеше пресврт и на крајот победи со голот на Белингам во 91-та минута, па тоа го натера Модриќ да потсети на мотото кое стана симбол за „кралевите“ во последно време.

Тимот на Карло Анчелоти донесе безброј незаборавни ноќи за фановите со голови постигнати во самата завршница, а таквиот епилог на „Ел Класико“ го инспирираше Хрватот за краток твит.

– Ова не е случајност. Ова е Реал Мадрид, – порача Модриќ, кој под објавата доби серрија напади од фановите на Барса кои се согласуваат со ставот дека не е случајност, но од сосема друга гледна точка.

Навивачите на Барса го „бомбардираа“ Лука со низа коментари, заклучувајќи дека не е случајност и се навикнале Реал да победува со спорни одлуки како оние вчера на „Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни