Поврзете се со нас

Балкан

Митровски запиша асистенција за Вараждин во ремито со Ријека (ВИДЕО)

Објавено

на

Новопечениот македонски репрезентативец, Димитар Митровски забележа асистенција за Вараждин во вечерашното реми (2-2) против Ријека во првата лига на Хрватска.

Ријека важеше за фаворит, но на крајот мораше да се спасува од пораз со погодокот на Обрегон во 86 минута.

Асистенцијата на Митровски дојде во 74 минута кого го проигра Бродиќ кој потоа испрати мајсторски удар за водство во тие моменти од 2-1.

Митровски има 2 гола и 1 асистенција во новата сезона во Хрватска, а со овие партии избори место и во сениорската репрезентација, поточно е во кокуренција за настап за престојните мечеви со Италија и Малта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни