Поврзете се со нас

Италија

Милинковиќ-Савиќ со атрактивен гол го најави пресвртот на Лацио, Имобиле повторно е пред Роналдо (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Лацио ја прекина лошата резултатска серија и славеше над Калјари со 2-1 во последната средба од денешната програма во Италија или поточно во последниот меч од 35 рунда во Калчото.

Клубот од Рим пет натправери беше без победа, но тоа конечно се промени вечерва и тоа со пресврт во второто полувреме. Милинковиќ-Савиќ со атрактивен погодок во 47 минута израмни на 1-1, додека пак Имобиле во 60 стрелаше за 2-1 на асистенција на Алберто.

Со ова Чиро одново се издвои на листата на стрелците, односно има еден гол повеќе во однос на Кристијано Роналдо (31/30) што значи ќе биде супер интересно до самиот крај во трката за најдобар голгетер.

Лацио со 72 бода е на 4. место, а пак Калјари за кого вечерва погоди Симеоне се наоѓа на 13 позиција.



Реклама
Реклама
Реклама

Популарни