Поврзете се со нас

Германија

Милер со урнебесна изјава за Халанд: Подобро ќе хранам коњи и…

Објавено

на

Томас Милер одработи опширно интеврју за „Спорт Билд“ во кое откри дека бил блиску до заминување од Баерн Минхен во моментите кога тренер беше Нико Ковач, но откако ја надмина кризата, одново стана еден од клучните играчи на баварскиот великан по заминувањето на Хрватот.

Милер блескаше под тренерската палка на Ханси Флик и заигра како во најдобрите денови, а сега останува најдобар асистент на тимот и под водство на Јулијан Нагелсман.

Новинарот на „Спорт Билд“ му поставил навистина скокотливо прашање на Милер за време на разговорот, односно го запрашал дали би бил подготвен да го храни Халанд со асистенции доколку Норвежанецот пристигне во Минхен, а Левандовски си замине по крајот на сезоната.

– Подобро би ги хранел моите коњи и зајаците кои ги имам, – во свој стил урнебесно одговорил Милер, кој знае дека има висок процент на асистенции во послендите три години.

– Кога се асистенциите во прашање, мислам дека во последните три години сум подобар и од Меси. Голема мотивација за мене е да се натпреварувам со најдобрите во светот, тоа го правам од 2010-та година наваму. Но, ако збориме за директна споредба меѓу мене и Меси, тоа е бесмислено, – вели Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни