Поврзете се со нас

Италија

Миленковиќ ги реши дилемите за својата иднина со денешниот потпис

Објавено

на

Никола Миленковиќ беше интересен за неколку клубови, но денеска стана јасно дека ќе го продолжи договорот со Фиорентина.

Српскиот репрезентативец следното лето ќе беше слободен агент бидејќи му истекуваше досегашниот договор, а денеска на прес-конференција беше објавено дека ја продолжил соработката со „виолетовите“ до 2027 година.

За Миленковиќ се интересираа и Интер и Јувентус, но двата клуба не направија ништо конкретно за да го ангажираат стоперот, кој ги израдува фановите од Фиренца.

– Во разговорите со клубот утврдив дека постојат големи амбиции, постојано напредуваме, а за мене беше важно и што тренерот останува, – изјавил 24-годишниот фудбалер.

Миленковиќ дојде во Фиорентина од Партизан во 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни