Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси со една објава го урна Инстаграм, но и рекордот на Роналдо (Фото)

Објавено

на

Лионел Меси ја освои светската титула во Катар и конечно ја дочека сликата со „Златната Божица“ во своите раце, но рекреирањето на легендарната прослава на Диего Марадона со помош од Кун Агуеро, сега му донесе и рекорд на Инстаграм.

До денеска, Кристијано Роналдо го држеше историскиот Инстаграм рекорд со 42 милиони лајкови на една објава, но сега објавата на Меси е на самиот врв.

Лео стана спортистот со објава која предизвикала убедливо најмногу реакции во историјата, а тоа е фотографијата на која позира за трофејот од мундијалот.

До овој момент, сликата има собрано нешто повеќе од 50 милиони лајкови, па мора да се признае дека Аргентинецот е на добар пат да го урне и апсолутниот рекорд на оваа социјална мрежа, а не само оној посветен за спортистите.

Меси урна неколку интересни фудбалски рекорди на својот последен мундијал во кариерата, но со освоената титула, продолжува со исто темпо и надвор од теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни