Лига на шампиони
Меси позираше со Мбапе и Нејмар во соблекувалната и испрати порака по првиот гол во ПСЖ (Фото)
Лионел Меси еуфорично го прослави својот прв гол во дресот на ПСЖ, а тоа го направи во прегратката на двајцата соиграчи за кои многу се зборува во последно време.
Дел од француските медиуми се обидоа да додадат жар на огнот со информации дека Мбапе не е воодушевен од блискоста меѓу Меси и Нејмар, но тројцата направија ваквите гласини да се најдат во втор план, најпрво со заедничката прослава на теренот, а потоа и заедничката слика од соблекувалната на „Паркот на принцовите“.
Првиот гол на Меси во дресот на ПСЖ беше фантастичен и пристигна по асистенција на Мбапе, по што Лео ја испрати и првата порака за француските медиуми.
– Имав огромна желба да играм, не играв многу во последно време. Малку по малку се привикнувам на новиот тим и соиграчите. Знам дека денешниот ден беше многу важен, сега мора да продолжиме бидејќи преостануваат многу натпревари оваа сезона.
– Колку повеќе сме заедно на теренот, толку подобри ќе бидеме заедно јас, Нејмар и Мбапе. Почнуваме да се запознаваме заедно на теренот, – додаде Меси по победата од 2:0 над Сити.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
-
Англијапред 18 часа
Ова се чекаше повеќе од две децении: Ипсвич повторно ќе игра во Премиер лигата (ВИДЕО)
-
АТПпред 14 часа
Синер ги разочара италијанските фанови: Навистина ми е тешко што го пишувам ова (Фото)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави: Ова е резиме на сезоната, мора да се променат многу работи за да се бориме со Реал!
-
Шпанијапред 15 часа
Арда им продаде фудбалски деликатес на двајца противнички фудбалери, па доби стоечки овации од „Бернабеу“ (Видео)
-
Англијапред 20 часа
„Скај Спорт“ ги истипува со точен резултат сите средби од Премиер лигата
-
Светпред 16 часа
Миовски стрелаше и донесе победа за Абердин (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти објасни зошто играчите на Реал нема да ја слават титула со навивачите на „Сибелес“
-
Шпанијапред 23 часа
Начо решил да го напушти Реал, има план и за следниот ангажман