Поврзете се со нас

Шпанија

Меси изрежира магичен потег на последниот тренинг на Барселона (Видео)

Објавено

на

Се чини дека долгата пауза без вистински тренинзи не му пречела многу на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси.

Аргентинецот се врати на тренинзите на Барселона откако на почетокот тренираше одвоено поради ситна повреда.

Фантастичниот Меси уште еднаш ги собра аплаузите, овој пат на интернет публиката, со својот потег од еден од последните тренинзи на клубот.

Тој на магичен начин го пронајде својот соиграч, а видеото од тренингот веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи.

Сезоната во Ла Лига продолжува на 11 јуни, а Барселона првиот натпревар ќе го игра на 13 јуни кога ќе гостува на Мајорка.

Сега веќе нема дилеми дека повредата е минато за Меси и дека Аргентинецот ќе биде подготвен за овој натпревар.

 

View this post on Instagram

 

@leomessi making it look too easy in training with silky smooth assists like this 😎 @fcbarcelona

A post shared by 433 (@433) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни