Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси: Импресивно е да се заврши кариерата на ваков начин!

Објавено

на

Лионел Меси мораше да ги одложи своите обврски кон новинарите поради големата прослава која ја режираа Аргентинците на теренот, откако генерацијата која тој ја водеше како капитен од вечерва е бесмртна поради освоената светска титула.

По трет пат во историјата, „гаучосите“ излегоа како победници на еден фудбалски мундијал и Меси ја освои единствената титула која му недостасуваше, па при давањето на првото интервју за „Tyc Sports“, не криел дека веќе не му е потребно ништо друго за остварување до крајот на кариерата.

– Ова е вистинска лудница, ова го посакував од најмали нозе, нема ништо поубаво од ова. Погледнете го овој трофеј, видете ја колку е убава „Божицата“. Многу го посакував овој трофеј и Бог на крајот ми го подари. Многу страдавме за да стигнеме до тука, но веќе никој не може да ни го одземе овој трофеј.

– Сакав да ја завршам мојата кариера со овој трофеј, веќе не можам да побарам ништо повеќе до крајот. Му благодарам на Бог што ми ги подари ова. Импресивно е да се стави крај на кариерата на ваков начин. Што да барам после ова? Ја освоив Копа Америка, сега и мундијалот. Уживам во селекцијата, уживам во оваа група и ќе сакам да останам уште малку во репрезентацијата и да играм како актуелен светски шампион.

– Си го остварив детскиот сон, на крајот го освоив она што ми недостасуваше. Ја завршувам кариерата на најдобар можен начин, бидејќи сигурно е дека не ми преостанува уште многу. Ги играм последните години и импресивно е што станав светски шампион со мојата Аргентина, – изјавил Меси кој беше избран и за МВП на турнирот во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни