Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси има „луда“ идеја, ПСЖ стравува од реакцијата на навивачите

Објавено

на

Мундијало во Катар е зад нас и сега комплетниот фокус ќе биде насочен кон клубовите и натпреварувањата во овие земји.

Како што е познато Аргентина го освои пехарот на Светското првенство, титула во која клучна улога одигра капитенот Лионел Меси. Меси ја крена „Златната Божица“ и со тоа со големи букви го испиша своето име во историјата пред се во неговата земја каде е на исто ниво со претходните предводиците на победничките генерации-Марио Кемпес и Диего Армандо Марадона.

Колку е Лео среќен говорат многуте фотографии во кои тој не го испуша трофејот, па дури и преспа со него за да сега дојде до идеја која им ја претставил на водечките луѓе, управата на ПСЖ.

Имено „Гол“ од свои извори дознава дека Меси сака тој трофеј да го покаже пред навивачите на „светците“ во Париз, меѓутоа главните луѓе не се баш сигурни за таа идеја. Трофејот беше освоен против Франција и поради тоа се стравува од реакцијата на навивачите, плус не треба да се заборави дека тука е и Килијан Мбапе кој даде три гола во финалето, беше прецизен во пенал рулетот и ова може да биде сол на раната за уништениот мундијалски сон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни