Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес објави многу важни вести за возачкиот двоец, Хамилтон ќе ја „раситни“ петтата деценија во Ф1 (Фото)

Објавено

на

Мерцедес втора сезоан по ред не е на посакуваното ниво и заостанува во перформансите кога е во прашање Ред Бул, но шампионскиот Ф1 тим не се откажува и верува дека има простор за голем напредок со истата постава.

Во текот на дешениот ден беше објавена официјална вест која е многу важна за фановите на најбрзиот циркус во светот, бидејќи Мерцедес ќе остане со истиот возачки двоец и во наредните две сезони.

Луис Хамилтон потпиша нов двегодишен договор со Мерцедес и ќе ја „раситни“ петтата деценија од животот како член од Формула 1, но друштво ќе му прави неговиот сонародник, Џорџ Расел.

Денеска двајцата добија нови договори за сезоните 2024-та и 2025-та, па Мерцедес уште отсега го реши прашањето за наредните две и пол години.

– Никогаш не сме било погладни за победа. Научивме од секој успех, но и од секое разочарување. Продолжуваме да ги бркаме нашите соништа, продолжуваме да се бориме без оглед на предизвикот и сигурен сум дека повторно ќе победиме, – изјави Хамилтон.

– Возбуден сум што ќе продолжам во изградување на моментумот во 2024-та и 2025-та година, продолжуваме да бидеме фокусиран за враќање на врвот на гридот, – изјави Расел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни