Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Секогаш е тешко со Ѓоковиќ, морам да бидам на најдобро ниво во финалето

Објавено

на

foto: twitter.com/marioboc17

Рускиот тениски ас, Данил Медведев го надигра Новак Ѓоковиќ и обезбеди место во финалето на АТП турнирот  во Дубаи.

Медведев славеше со 2-0 со 6-4 и 6-4 и со тоа ја продолжи одличната серија затоа што ова му беше 13 победа во низа, односно со тоа се доведе во позиција да се бори за трет пехар во 2023 година по оние во Доха и Ротердам.

-Знаев дека морам да играм најдобро. Се надевав дека нема да игра како што може и дека тоа ќе ми донесе победа. Против него никогаш не сте сигурен дека можете да победите дури и кога играте најдобро. Драго ми е што ја задржав формата.

-Во вториот сет, бев во ситуација да испуштам брејк, но среќен сум што издржав. Сега се чувствувам добро, бев лошо пред натпреварот. Секогаш кога играме двајцата, исто е. Видов дека тој не е среќен што толку многу се поти, исто и јас, но тоа беше така и за двајцата, -рече Медведев кој во финалето ќе се соочи со сонародникот Андреј Рубљов.

-Играм добро, тоа е најважно. Андреј спаси пет меч топки во второто коло, сега е во финалето. Морам да бидам на најдобро ниво во финалето, се имаме соочено, водевме одлични борби. Ќе видиме како ќе биде, -заклучи Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни