Поврзете се со нас

Англија

Медиумите тврдат дека работата е пред крај: Анчелоти ќе го добие талентираниот стопер на Барселона

Објавено

на

Жан Клер Тодибо сигурно не е во плановите на Барселона за поблиска иднина, а најдобар доказ за тоа беше позајмицата која беше изрежирана измиантиов јануарски преоден рок.

Суперталентираниот стопер кој покажа завидни перформанси на натпреварот со Интер на крајот заврши во Шалке 04 и покрај интересот од Милан, но најновите информации велат дека негова следна дестинација ќе биде Премиер лигата. Угледниот германски „Скај Спорт“ и англски „Сан“ тврдат дека Шалке 04 не е подготвен да ја исплати сумата која ја договори со Барселона, па затоа на сцена ќе стапи Евертон.

„Карамелите“ планираат да направат исчекор со Карло Анчелоти и подготвени се да му овозможат засилувања по негов мерак, а откупната клаузула на Тодибо го прави како фантастично засилување.

Медиумите пренесуваат дека работата е практично завршена и дека Евертон веќе има подготвено 25 милиони евра кои Шалке не планира да ги исплати, зделка со која Анчелоти би добил навистина одлично засилување во одбраната која е доста слаб дел на Евертон.

Французинот Тодибо има само 20 години и дефинитивно е во потрага по минутажа која не ја добиваше во Барселона, а повеќе од јасно е дека Премиер лигата ќе биде и тоа како голем предизвик за него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни