Поврзете се со нас

Франција

Мбапе откри која е наредната цел и ги разреши дилемите околу неговата иднина

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Килијан Мбапе веќе неколку години е еден од најдобрите фудбалери на светот, играч кој е во фокусот на вниманието кога игра за ПСЖ, но и за француската селекција.

Меѓутоа кога се спомнува името на Мбапе постојано има прашалници, дилеми, драма околу неговата иднина, но и покрај многуте информации, вести тој едноставно не мрда од француската престолнина. Минатата година постоеја големи шанси да се пресели во Реал Мадрид, изгледаше се дека е договорено за да на крајот тој добие супер богата понуда и се реши да остане на „Паркот на принцовите“.

„Светците“ беа елиминирани доста рано во актуелнава кампања во ЛШ, па одново се појавија вести за Килијан и негов трансфер во Реал, ама таа приказна нема да се оствари ниту ова лето.

-Следниот чекор? Освојување на ЛШ. Имам играно финале, полуфинале, четвртфинале, осминафинале…Направи се, освен да триумфирам. Тоа е се што ми треба. Каде сакам да го направам? Во Париз. Јас сум Парижанец и под договор. Значи во ПСЖ, -порача напаѓачот за „Франс 3“.

Тој е врзан со сегашниот тим до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни