Франција
Мбапе ја потврди верноста кон ПСЖ и порача: Заедно ќе направиме магија во Париз!

Вечерва и официјално имаме крај на една фудбалска сага во која главна улога имаше Килијан Мбапе кој конечно одлучи кој ќе биде следниот чекор во неговата кариера.
Иако многумина очекуваа тој да се пресели во Реал Мадрид по завршувањето на договорот ова лето, тоа нема да се случи затоа што напаѓачот реши да им остане верен на „светците“ и се согласи на продолжување на соработката до 30 јуни 2025 година.
-Сакам да објавам дека избрав да го продолжам договорот со Пари Сен Жермен и секако дека сум воодушевен. Убеден сум дека тука можам да продолжам да растам во клуб кој обезбедува се што е потребно за да се претстави на највисоко ниво. Исто така, среќен сум што ќе продолжам да играм во Франција, земјата во која сум роден, каде што пораснав и каде што го стекнав своето име.
-Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Келаифи за довербата, разбирањето и трпението. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи на Пари Сен Жермен како во Франција така и ширум светот, за поддршката, особено во последните месеци. Заедно, рамо до рамо и амбициозни, ќе направиме магија во Париз, -порача Мбапе.
Французинот дојде во ПСЖ во 2017 година од Монако, период во кој со клубот ги освои сите трофеи во својата татковина или севкупно на 216 мечеви во сите натпреварувања даде 168 гола и 87 асистенции.
𝐎𝐮𝐫 𝐡𝐢𝐬𝐭𝐨𝐫𝐲 𝐢𝐬 𝐰𝐫𝐢𝐭𝐭𝐞𝐧 𝐡𝐞𝐫𝐞
𝐈𝐜𝐢 𝐜’𝐞𝐬𝐭 𝐏𝐚𝐫𝐢𝐬🔴🔵 #KylianCestParis pic.twitter.com/e3ZSY1E3FZ
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) May 21, 2022
-
Англијапред 16 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 8 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 17 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 8 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 15 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 16 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски