Поврзете се со нас

Свет

Матео Меси постигна пет гола на еден меч и воодушеви со своите движења (Видео)

Објавено

на

Матео Меси е средниот син на Лео и Антонела и двајцата го претставија како убедливо најпалавиот во нивното семејство, но како што стојат работите, тој во моментов важи и за најталентиран кога е фудбалот во прашање.

По потписот на Меси со Интер Мајами, осумгодишниот Матео фудбалски се развива во академијата на МЛС клубот, а сега едно видео стана посебно вирално.

Наследникот на Лео постигнал пет гола во победата на својот тим и во прв план се наоѓаат неговите одлични фудбалски движења, како и интелигенцијата која ја презентира на мал простор.

Видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи и фановите извлекуваат заклучоци од истото, а посебно интересно е што посилна нога на Матео е десната, а не левата како што е случај со неговиот татко.

Покрај Матео, Лео и Антонела се горди родители и на Тиаго и Чиро, но засега двајцата не се истакнале со некои посебни фудбалски вештини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни