Поврзете се со нас

Свет

Мартинез за тајната за успехот: Морате да го дадете животот кога играте за Аргентина

Објавено

на

Аргентина по 36 година успеа да ја освои „Златната божица“ и со тоа да ја заокружи успешната приказна на националниот тим од последниве години кога под водство на Лионел Скалони беше освоена Копа Америка, но и трофејот во битката на шампионите на Европа и Јужна Америка.

Дел од оваа победничка генерација на „гаучосите“ беше дефанзивецот Лисандро Мартинез кој кратко и јасно посочи која е тајната на нивниот успех.

-Беше огромна емоција и гордост да се биде таму. Тоа беше мое прво Светско првенство, но исто така бев многу фокусиран од самиот почеток, со цел да станам шампион.

-Отидовме од помалку на повеќе и луѓето многу се поистоветуваа со нашата игра, прикажавме добар фудбал и тоа е она што не карактеризира нас Аргентинците. Мора да си предиспониран и кога ќе го видиш дресот, штитот и толку милиони Аргентинци зад тебе, мораш да го дадеш животот за сите нив. Најмалку што можеме е тоа да го направиме, -порача Лисандро кој сега ќе треба да се насочи на настапите со Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни